Финската министерка за здравство Криста Киури изјави дека скандинавската земја започнува преговори со Русија за набавка на нејзината вакцина „Спутник В“ против Ковид-19, која сè уште не е одобрена за употреба во Европската унија.

„Ќе се свртиме кон Русија за да преговараме. Ова е во согласност со заедничката шема за набавки на Европската унија, бидејќи Унијата сè уште нема договори со производителот. Не можам да кажам како ќе се одвива, но работата е започната во Министерството за надворешни работи“, рече министерката Киуру пред Парламентот.

Две земји-членки на ЕУ, Унгарија и Словачка, веќе го одобрија лекот за итна употреба. Германија се подготвува да започне билатерални разговори со Русија.


Администратор
16/04/2021 11:11