Градот тоне, а шефот на кабинет на мрзеливиот Шилегов и секретарот на Град Скопје рекетираат адвокати.

Овој мега скандал го објави адвокат кој легално добил тендер од страна на ЈП Лајка.

Според сведочењето на адвокатот секретарот на Град Скопје Викторија Аврамовска Мадиќ и Никола Наумовски, шеф на кабинет на мрзеливиот Шилегов, бил рекетиран со цел да вработи лице по нивен налог.

Скандалозно е што првите луѓе на мрзеливиот Шилегов ги користат функциите за рекет.

Наумовски и Мадиќ мора да одговараат. Го повикуваме ЈО да отвори случај и да го испита нивното делување.

Сето ова се случува додека градот тоне. Нема проекти, нема напредок. Не е чудно зошто Скопје стагнира, со функционери кои наместо да работат рекетираат.


Администратор
16/04/2021 10:56