Одговарајќи на новинарско прашање за најавата на Џафери за карантин на Собранието, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски истакна дека токму поради авторитарниот однос на власта вклучително и на Џафери Македонија е класифицирана како хибриден режим.

- Авторитарниот однос на претседателот Џафери и целото владејачко мнозинство ја отсликува денешната ситуација во Република Македонија и не случајно сме наречени хибриден режим. Јас не знам на кој начин ќе проба и да го направи тоа, за тоа што ние во секој момент имаме 100-110 пратеници кои што се функционални и функционираат. Нема можност да се случи тоа што го бара господинот Џафери, не знам зошто се закануваше со одредени изјави, очигледно утре ќе треба да ги објаснува и тие изјави, во секој случај конституирано е Собранието, пратениците се со мандат и се додека не ги испочитуваат овие 44 пратеници Собранието нема да биде функционално. Желбата повторно воведување на вонредни мерки и Владата сама да си донесува закони без некој да им ги контролира нема да се случи, за жал, вели Мицевски.


Администратор
16/04/2021 00:31