Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во изјава по завршувањето на седницата на која претседателот на Собранието не ја започна седницата на која се и антикризните мерки бидејќи бараше прво да се изгласаат сите закони од 32-та седница, вели дека нема да дозволат пратениците од опозицијата во Собранието да се третираат само како предмет за правење на кворум на власта која нема мнозинство.

- Видете поентата е дека се додека оваа опозиција со вкупно 58 пратеници не биде испочитувана, да се прифаќаат амандмани за подобрување на законските текстови, да се праќаат драфт закони, да се разгледа, да почне дијалогот, да знаеме што ќе се носи во Собранието, а не да не третираат само како луѓе кои што треба да бидеме тука, ние нема да присусутвуваме на седница.

Тоа го кажав уште 2020-та во конституирањето на самото Собрание. Рековме дека ова владино или парламентарно мнозинство од 62 пратеници е тенко, рековме дека е нефункционално такво Собрание, но не убедуваа дека ќе можат да функционираат. Ете на очигледн на македонската јавност гледаме дека тоа не функционира и нема да функционира се додека најголемата пратеничка група во овој парламентарен законодавен дом тоа е Собранието и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не бидат испочитувани вклучувајќи ја и целата опозиција, исктна Мицевски.


Администратор
16/04/2021 00:31