По синдикатите, музичарите, организаторите на настани, угостителите, и мајките на породилно отсуство ќе излезат на протест. Стравуваат дека заради реалниот проблем оти не можат децата да ги запишат во градинка, ќе треба да дадат откази на работните места и да останат без работа. Во најлоша ситуација се самохраните мајки.

-И сега јас не знам ни самава што ќе правам.Ќе морам ако нема кој да ми ги чува децата да дадам отказ.После ќе треба да плаќам и кирија за станот, со кој пари ќе плаќам ни јас самата не знам. Да не дозволиме од нас да направат социјални случаи, вели самохраната мајка Марија Шиникоска за Алфа.

-Од градинкиве искрено да Ви кажам се доведени до таа ситуација да ни кажуваат дека ако сакаме детето да го запишеме треба да си фатиме врски затоа што листите за чекање се премногу долги, се чека и до година дена за да се запише детето.Значи можеш да си чекаш ако немаш врски никој не знае да ти каже кога ќе си го запишеш детето во градинка.Секој ден некоја нова мајка си дава отказ затоа што нема каде, вели Ивана Смилеска.

Со протест во сите градови во земјава, околу 1500 мајки кои во моментов се на платено породилно отсуство со своите бебиња ќе излезат на улица, оти само така веруваат ќе допрат нашите барања до надлежените во министерството за труд и социјала. Градинките работат со намален капацитет согласно препораките од Комисијата за заразни болести,групите се веќе формирани, никаде не се примаат нови деца.

Од министерство за труд и социјала им одговориле дека ја следат состојбата со градинките ама оти сега не можело ништо да се направи оти Комисијата за заразни болести не дозволувала зголемување на бројот.


Администратор
16/04/2021 00:05