Во Пехчево усвоен планот за управување со животна средина и социјални аспекти. Од општината информираат дека со овој план во наредниот период ќе биде опфатена рехабилитација на три улици во Пехчево.

-Во рамки на овој план, а како дел од проектот за поврзување на локални патишта во РСМ, кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, аплициравме со проект за рехабилитација на постоечки улици во Пехчево, меѓу кои „Илинденска“, со крак од улицата „Мирче Ацев“, потоа улица „Даме Груев“ и улица „Индустриска“, информираа од Општината.

Согласно барањата на Светска Банка за реализација на овој проект, општината изготви беше документ со кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на проектот.

-Документот содржи контролна листа на планот за управување со животна средина и социјални аспекти и истиот е ставен на јавен увид на официјалната веб станица, каде можат да го видат сите граѓани, а притоа да дадат и свои забелеѓки и предлози, додадоа од Општина Пехчево.

По целосната имплементација на техничкиот дел од општината очекуваат да се започне со предвидената рехабилитација и реконструкција на споменатите улици, што според надлежните ќе придонесе за подобрување на уличната патна мрежа во Пехчево. вс/аа/