Со чартер лет, 189 туристи од Холандија, попладнево ќе пристигнат на грчкиот остров Родос, како дел од експеримент и пилотска програма во пресрет на новата туристичка сезона, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Седумдневниот одмор на Холанѓаните, сепак ќе биде поразличен и под посебни правила и прописи, како што се неколку тестирања за Ковид-19, но и забрана за излегување од хотелот во кој ќе бидат сместени и во кој нема да има други гости.

Три дена пред поаѓањето, но и три дена пред заминувањето ќе им биде направен ПЦР тест, а во меѓувреме ќе бидат тестирани и со рапид тестови.

Пилотската програма е во рамките на експерименталните проекти на холандската Влада околу коронавирусот, а тест-одморот на Родос е во соработка со туристичка агенција.

Можност за пријавување имале лица од 18 до 70 години, а според медиумите биле пристигнати 189-те лица биле меѓу 25.000 пријавени, а избраните туристи сами си ги покриваат трошоците за патувањето во висина од 400 евра.


Администратор
12/04/2021 16:26