По обвинувањата за чест и морал во време на пик на пандемија и кога на дневно ниво има рекордна бројка на починати пациенти, а премиерот вози мотори, денеска со коментар излезе и Зоран Заев.

Тој вели дека уште кога станал премиер рекол дека за викенд нема да работи.

- Јас имам само едно хоби, а тоа е возењето мотор. Така го минувам денот недела кој е ден за одмор. На тој начин ги полнам батериите. Секој човек заслужува да се одмори. Целосно ги почитувам сите мерки, а иако имам дозвола за движење за време на полициски час, јас тоа право не го користам. Викендов направивме една убава турнеја со моторите. И не се кријам – искоментира Заев.


Администратор
12/04/2021 16:12