Фудбалерите на Манчестер јунајтед се зацврстија на второто место во Премиер лигата, откако вечерва триумфираа над Тотенхем во Лондон со 3;1 (2:0) во рамки на 31 коло.

Тотенхем поведе кон крајот на првото полувреме преку Сон (40 минута), но во продолжението уследи целосен пресврт со кој Манчестер јунајтед се реваншираше за убедливиот пораз на „Олд Трафорд“ од 6:1 во првиот дел од сезоната. На 1:1 израмни Фред (57), Кавани му донесе водство на Јунајтед во 79 минута, а конечниот резултат го постави Гринвуд во шестата минута од судиското продолжение.

Второпласираниот Манчестер јунајтед сега има 63 бодови, 11 помалку, со натпревар помалку, од лидерот Манчестер сити, но седум повеќе од третиот Лестер, кој претходно денеска загуби во Лондон од Вест Хем со 3:2. Со триумфот Вест Хем се врати на четвртото место на табелата.

Тотенхем на последните четири натпревари во Премиерлигата освои само четири бодови и сега е седмопласиран со 49 бодови.


Администратор
12/04/2021 00:14