Италијанскиот фудбалски прволигаш Интер направи голем чекор кон освојување на шампионската титула во Серија А, откако попладнево триумфираше на домашен терен над Каљари со 1:0.

Голот вреден победа го постигна Матео Дармијан во 77 минута, на асистенција на Ашраф Хакими.

На осум кола до крајот на италијанското првенство, првопласираниот Интер има дури 11 бодови предност пред градскиот ривал Милан на второто место.


Администратор
11/04/2021 16:52