Во Делчево се реализираше еко-герила акцијата „Исчисти ме“. Организатор е невладината организација Зелен институт, а активностите ги реализираше во соработка со активистот Дијана Јосифовска.

Како што информира Јосифовска, целта е да се подигне јавната свест за чистата животна средина.

– Се наоѓаме на градски стадион ,каде една слика кажува повеќе од 1000 зборови. Во соработка со градоначалникот и локалното комунално претпдијатие имавме кампања, имавме заеднички акции во изминатитот период, се исчисти се, но резултатот е истиот и дури и полош. Затоа мора, не само ние како активисти и општината и комуналното претпријатие да најдеме трајно решение за да престане оваа лоша слика во нашата општина. Овие зелени кругови наречени „Исчисти ме“, означуваат револтираност од целата заедница, од граѓаните на Делчево, кои порачуваат да се престане со дивото депонирање на отпад – рече Јосифовска.

Во рамки на еко-герила акцијата, како што додаде Огнен Јанески од Зелен институт, се мапираат сите „жешки точки,“ кои се однесуваат на проблемите со животната средина.

– Покрај ова во рамки на нашите активности, голем број граѓани воочуваат проблеми и кај старите архитектури, кои што се во распад. Поради ова дополнително секаде каде има мини депонии, сакаме да се покрене свеста на луѓето и да може да се реагира, да можат луѓето да се вклучат самите преку застапување и поднесување барања до општините, каде што локалните власти ќе покренат постапки за решавање на проблемите со животната средина или ќе извршат пренамена на старите архитектури за потребите на младите – додаде Јанески.

Дополни дека во таа насока треба да се работи на подигање на свеста за селектирање на отпадот почнувајки од најмалите. Еко-герила акцијата „Исчисти ме“ како што додадоа организаторите, се реализира во повеќе градови низ државава.


Администратор
11/04/2021 14:36