Администрацијата во САД има намера да го зголеми корпоративниот данок од 21 на 28 отсто, предлог на претседателот Џо Бајден со цел да реализација на големиот план за обнова на инфраструктурата, и има намера да преговара со републиканците околу ова.

Засега се водат разговори колкаво може да биде зголемувањето.

-Постои простор за компромис. Дали стапката не е 28, дали е нешто помалку од тоа, изјави денеска на брифинг во Белата куќа, Џина Рајмондо, министерка за трговија.

Претседателот Доналд Трамп во 2017 година го намали корпоративниот данок од 35 на 21 отсто. Бајден сака да го зголеми до 28 осто, на што веднаш се побунија републиканците, а и некои демократи не се сигурни за толкаво зголемување. Демократскиот сенатор од Западна Вирџинија, Џо Манчин, кој има политичк тежина во Сенатот, изјави дека ќе поддржи зголемување до 25 отсто.

Рајмондо даде до знаење дека зголемување на данокот секако ќе има, и ја отфрли загриженоста на републиканците дека тоа би можело да ја зголеми невработеноста.

-Не постои ниту најмал доказ дека со намалувањата на данокот во 2017 година се зголемила продуктивноста во земјата. Всушност, сосема малку од тоа беа само вложувања во развојни проекти. Ние сме сериозни за ова, изјави таа.

Порача републиканците да започнат преговори со Администрацијата во врска со ова прашање.


Администратор
08/04/2021 00:08