Водечкиот тим во шпанското фудбалско првенство Атлетико од Мадрид во следните три недели ќе биде без услугите на Луис Суарез, откако 34-годишниот уругвајски напаѓач на тренинг го повреди мускулот на левата нога.

Искусниот Суарез е најдобар стрелец сезонава на Атлетико со 19 прволигашки голови, а поради повредата ќе ги пропушти натпреварите против Бетис, Еибар, Хуеска и Атлетик Билбао.

Повредата на Суарез е новa неповолна вест за Атлетико, кој во јануари имаше десет предност на чело на табелата, но по последниот пораз од Севиља му остана само бод повеќе од второпласираната Барселона.

До крајот на сезоната во Шпанија преостануваат уште девет кола.


Администратор
07/04/2021 21:47