Зошто се доцнеше со мерките иако за тоа постојано алармиравме, прашуваат докторите. Матичниот лекар Ненад Лазаров нагласува дека работата на политичарите е здравјето на граѓаните оти од нив ги земаат платите. Вината ја лоцираше во власта а не во граѓаните:

-Ние требаше да направиме сериозен локдаун, од две три недели многу порано за да не се доведеме во една катастрофална состојба. Зе мене е шизофрено да изјавиш пред 4-5 дена дека е прераспространет вирусот и дека мерки нема да вродат со никаков резултат за после да смениш став тотално. Видете ова е веќе нон сенс, ова е шарлатанство, вели Лазаров за Алфа.

Застрашувачки е што се повеќе на удар се младите, кај кои болеста прогресира со сериозни воспаленија на белите дробови.

-Имаме млада популација која што во моментов е многуз аразена и вчера бевте сведоци на голем број починати, цела недела ја нарекуваме црна недела. Жално е да слушнете дека 28-годишник починал во меѓувреме да не се направи ништо во однос на рестрикциите, да кафичите како главен извор и каде што се собираат младите останат отворени, вели доктор Анкица Станоевска, доктор по семејна медицина, исто така за Алфа.


Администратор
07/04/2021 21:44