Во вечерашното издание на емисија "Филибастер" на Радио Лидер гостуваше членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки кој се осврна на лошите владини политики, како и за лошата ситуација во однос на безбедносниот систем во Република Македонија.

Ковачки потенцираше дека случајот со издавањето пасоши на наркобосови и криминалци е страшен и е показател за тоа колку е нестабилен и нефункционален безбедносниот систем во Република Македонија. Тој додаде дека после ваков случај, оставката на Спасовски и Заев треба да биде неминовна, односно веќе мораше да се случи.

Ковачки вели дека пасошот е документ кој може да го поседува граѓанин кој најпрво уставно го заслужува пасошот, а потоа и го заслужува истиот. Според последните случувања со доделување на 200 пасоши на наркобосови и мафијаши од цела Европа и светот, само се докажува дека Република Македонија е урнисана од сите страни и безбедносната ситуација во земјата е ничкосана, односно ништо повеќе не може да ја изненади македонската јавност во однос на безбедноста, истакна Ковачки.

Според информациите, дознавме дека неколку од овие матни луѓе кои ги добиле македонските пасоши, се возеле со службени државни возила во придружба на високи државни функционери. Замислете, луѓе кои убивале луѓе и криумчареле дрога и оружје, одеднаш крадат идентитети на македонски граѓани и функционираат низ светот. Тоа е еднакво на предавство, бидејќи така можат да настрадаат недолжни македонски граѓани, истакна Ковачки.

Спасовски е должен да излезе и јасно да каже како стојат работите, наместо повторно гледајќи во земја да бара можност како да избега од одговорност. Наместо да ги бараат грешките во сите други и во опозицијата, треба да погледнат во својот двор и да видат дали треба да водат држава или мафија. За жал, се потврдува она дека во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата има своја држава, заврши Ковачки


Администратор
07/04/2021 21:05