Дел од Неготино денеска ќе има прекин во водоснабдувањето поради дефект на улична водоводна линија, а прекинот ќе трае до санирање на дефекот, информираа утрово од ЈП ,,Комуналец” Неготино.

Станува збор за потрошувачите од улиците „ЈНА“, „Марксова” , „25 Мај“, „Кирил и Методиј“,„Борис Кидриќ“, Пиринска“, ,,Вардарска“ , „Ѓоко Мишев“, „Вано Ташев“, „Вељко Влаховиќ“, „Едвард Кардељ“, „Илинденска“ и „Ќиро Крстев“.

Поради дефект на водоводна линија, без вода за пиење до 14.00 часот, ќе останат и жители на Кавадарци. Кавадаречкото комунално претпријатие утрово информираше дека прекинот во водоснабдувањето ќе биде околу градски пазар и околните улици, поточно улицата ,,Цано Поп Ристов” од стара автобуска станица, се до спој со улицата ,,Блажо Алексов”, како и дел од улицата ,,7 Септември”.

Од комуналните претпријатија ги замолија за разбирање, граѓаните кои останаа без вода за пиење.