Општина Свети Николе со пари од својт буџет набави 43 таблети во вредност од 350.000 денари за ученици кои имаа пречки во следење на онлајн-наставата во Општинско основно училиште „Даме Груев” во село Ерџелија.

Градоначалникот на Свети Николе Сашо Велковски вели дека со набавката на таблетите, посебно за учениците кои се од руралните средини и од социјална категорија на граѓани, сега сите ученици на ниво на општина без пречки можат да ја следат oнлајн-наставата.

– Вложуваме во подобрување на образовниот процес, вложуваме во беспрекорно одвивање на наставата на нашите дечиња. Тоа е еден од приоритетите на оваа локална власт, истакна Велковски.