Во велешката болница вкупно се хоспитализирани 75 пациенти, од кои 64 се потврдени позитивни, три сомнителни и осум пациенти со негативен тест, но задржани на болничко лекување.
-НА КИСЛОРОДНА ПОДДРШКА СЕ 31 ПАЦИЕНТ, ИНФОРМИРА ПОРТПАРОЛОТ Д-Р ЕЛЕОНОРА ЈОВАНОВА,
Починат е пациент на 64 годишна возраст, позитивен, од Велес кој е лекуван на Инфективно одделение шест дена.
Инфективното одделение е целосно исполнето и таму се лекуваат 53 пациенти, во Модуларната болница 14 пациенти, а на Интерно одделение осум пациенти.
Инаку вчера беа хоспитализирани 73 пациенти, од кои 60 беа потврдени како позитивни на Ковид-19.