Деновиве привршува поствавувањето на два летниковци на потенцијалните излетнички места на велешани, на ридот Вршник и ридот Свети Илија. Со ова, љубителите на природата и планинарењето ќе имаат повеќе избор за рекреација во слободно време, велат од Општина Велес.

Во близина на летниковците ќе бидат поставени и по четири столбови со фотоволтаични светилки на сончева енергија. Со тоа овие места ќе бидат осветлени и граѓаните ќе можат да ги посетуваат и во вечерните часови.

Тие информираат, дека дополнително, десет столбови за осветлување ќе бидат поставени и во Општина Градско, на излетничкото место Подлес. Воедно, таков летниковец беше поставен и во Општина Чашка,.

Појаснуваат дека со тоа завршува проектот на Локалната Акциона Група Вардар ЛЕАДЕР која спроведува проектни активности на територија на овие три општини.

Активностите се реализираат од Локална Акциона Група ВАРДАР ЛЕАДЕР во партнерство со Општините Велес, Општина Чашка и Општина Градско. Истиот е поддржан од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој 2019 година, мерка 412 и мерка 413 за 2019 година од АФПЗРР, Министерството за Земјоделие, Шумарство и Водостопанство.