Семејствата од социјален ризик во Делчево добија хуманитарни пакети за справување со последиците од коронавирусот. Активноста ја реализираа екипи од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Делчево, која дистрибуираше 112 пакети храна и хигиена за ранливо население во Делчево и Македонска Каменица.
-Мобилни тимови на Општинската организација на Црвен крст Делчево извршија дистрибуција на 56 пакети храна и 56 хигиенски пакети, донација од Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина. Пакетите беа наменети за 56 ранливи семејства од општините Делчево и Македонска Каменица како помош во справување со последиците од корона вирусот, информираа од делчевскиот Црвен крст.
Претходно, поради студенито бран кој ја зафати државата, Општинската организација на Црвен крст Делчево делеше топла облека за загрозените категории граѓани.
-Ваквите акции за поддршка на населението со прехранбени и хигиенски пакети ќе продолжат и во наредниот период, бидејки голем дел од граѓаните имаа потреба од ваков вид на помош, додадоа од Црвен крст Делчево.
Тие истакнаа дека се отворени за соработка со сите заинтересирани правни и физички субјекти кои со своја поддршка ќе помогнат во реализирање на идните вакви акции.