Од утре целосно ќе биде во прекин соообраќајот на патниот правец Лакавица – Неготино поради најавени активности за рехабилитација на мост број 3 на регионалниот пат П1103, втора фаза.
Според известувањето од Дтг Жикол Дооел Струмица сообраќајот на овој патен правец ќе биде во прекин во времетраење од пет месеци, информира Автомотосојузот на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози и наместа со остатоци на кашест снег. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.