Нелогично е да се воведува полициски час, а истовремено на големо си се подготвува пописот- македонските граѓани се револтирани за мерката што последно ја предложи Комисијата за заразни болести. В

о едно од своите последни интервјуа, микробиологот Никола Пановски нагласи дека пописот треба да се одложи за 15 мај, за луѓето да се чувствуваат побезбедно и да може да ги примат попишувачите во двор или на тераса на отворено, за да се избегне опасноста.

Но, истовремено вели, никој во власта ниту го консултирал ниту до сега го повикал за да си го каже стручното мислење.

Но власта до овој момент никако не размислува за одложување на пописот. Директорот на заводот вели до одржување на пописот имало време, до тогаш тие ќе се подготвувале пописот да почне на 1 април, но ако има препорака од комисијата за заразни болести истиот да биде одложен, а владата со одлука тоа го потврди, тие ќе го почитуваат тоа.

Имаме 23 дена до почетокот на пописот ако не се лажам. Комисијата за заразни болести дава препораки и Владата ги освојува и ако оцени дека нема да има услови за попис во тој период ние ќе мораме да почитуваме. Меѓутоа додека тоа не се случи ние прави подготовки – рече Апостол Симовски, директорот на Завод за статистика за Алфа.

Дали доколку не се одложи пописот тие како институција ќе реагираат истиот да се одложи, Симовски рече засега немале таква можност.

Неможам да кажам ништо во моментов, бидејќи не знаеме здраствено како ќе се одвива состојбата. А од друга страна ние не сме стручни во тој дел , најмалку сме стручни, нагласува Симовски. Колку за споредба, последните неколку месеци многу држави од Европа го одложија пописот заради пандемијата, Хрватска е еден пример. Таа требаше да попишува во април, но тоа ќе го прави на есен.


Администратор
09/03/2021 00:21