Група од 17 демократи во САД од Претставничкиот дом претставија нацрт-закон со кој од Вашингтон ќе се бара да одвои шест милијарди долари на Поштенската служба на САД (USPS) за купување десетици илјади електрични возила.

Предлог-законот, поддржан од Џаред Хофман од Калифорнија, ќе бара најмалку 75 проценти од новиот автопарк на УСПС да се состои од електрични возила или други возила со нула емисија на штетни гасови.

Минатиот месец Поштенската служба објави заложба за зголемување на уделот на електрични возила во својат автопарк до 10 отсто како дел од планот за отстранување возила постари од 30 години.

Планот на УСПС е стимулиран и од целта на американскиот претседател Џо Бајден за електрификација на целиот автопарк што се состои од околу 600.000 возила.

Возилата на УСПС сочинуваат приближно една третина од целиот федерален автопарк.


Администратор
08/03/2021 22:09