Судот во Софија утре ќе треба да донесе одлука дали ќе го задржи притворениот индиски државјанин, кој се обиде да влезе во пилотската кабина на авионот на „Ер Франс“, што вчера патуваше на релацијата од Париз за Делхи, јави Бугарската национална телевизија (БТВ), а пренесе дописникот на МИА од Софија.

Утре, исто така, се очекуваат да пристигнат и резултатите од тестовите за присуство на алкохол и лекови во крвта на патникот, а форензичките прегледи да ја утврдат менталната состојба на човекот.

На Интернет се појавија и снимки од авионот, направени од еден од патниците. Од описот под видеото станува јасно дека Индиецот ги навредувал патниците и екипажот и удрил во еден од стјуардите. Според авторот на видеото, Индиецот се заканувал дека ќе ги убие. Доколку биде прогласен за виновен, патникот може да се соочи со казна од пет до 10 години затвор, согласно бугарските закони.

Агресивниот патник беше уапсен и обвинет од Обвинителството во Софија.


Администратор
07/03/2021 17:09