Претседателот на Парагвај, Марио Абдо Бенитез смени три министри поради насилните протести, што се избија поради начинот на кој Владата се справува со пандемијата во Ковид-19.

Сменети се министерот за образование, за женски права и цивилни работи, додека министерот за здравство во петокот поднесе оставка.

Здравствените работници во Парагвај тврдат дека болниците немаат лекови и опрема за лекување на пациентите инфицирани со Ковид-19.

Опозициските партии бараат од Бенитез да поднесе оставка и да распише нови избори, а десничарската Влада ја обвинуваат за корупција.

Во Парагвај со 7,2 милиони жители досега се регистрирани 165.000 инфицирани во Ковид-19 и околу 3.200 смртни случаи, а вакцинирани се само 0,1 отсто од населението.

Pолицијата во петокот употреби солзавец и гумени куршуми против демонстрантите, при што се повредени околу 20 луѓе.


Администратор
07/03/2021 13:32