Кинескиот извоз во првите два месеца од годинава е зголемен за 60,6 отсто во споредба со истиот период минатата година извозот е зголемен откако фабриките почнаа да работат, а светот полека се отвора по пандемијата со Ковид-19.

Според податоци на кинеската царина извозот забележал раст од 468,9 милијарди долари, пораст што не го превидеа ниту економските експерти.

Исто така е зголемен и увозот за 22,2 проценти односно за 365,6 милијарди долари.

Извозот во САД е зголемен за 87,3 отсто во првите два месеца од 2021 година и покрај воведените санкции кон Кина од страна на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Од извозот во САД инкасирани се 80,5 милијарди долари.


Администратор
07/03/2021 12:40