Тренерот на актуелниот европски првак Баерн Минхен, Ханси Флик, упати комплименти на адреса на своите фудбалери по саботниот триумф од 4:2 во дербито против Борусија Дортмунд.

Баерн стигна до победата со пресврт, откако Борусија веќе во воведните девет минути имаше предност од два гола.

– Треба да се фокусираме на добрите страни и на тоа како екипата се врати во игра на натпреварот. По водството на противникот од 2:0, се растрчавме на теренот и бевме поактивни. Со секоја измината минута екипата играше се поквалитетно и посамоуверено. Покажавме силен карактер и победнички менталитет. На крајот, тоа ни донесе заслужена победа. Тоа беше сензационален пресврт. Огромен комплимент за играчите, истакна Флик.

Со триумфот Баерн ја задржа предноста од два бода на врвот на табелата во Бундеслигата пред второпласираниот Лајпциг, пред следното 25 коло, во кое тимот на Флик ќе му гостува на Вердер.


Администратор
07/03/2021 11:56