Главната тема е што во Македонија згаснаа 3.185 животи поради корона, а не шанерските трикови на Заев со кои сака да си ја покрие неспособноста во водењето на државата.

Зоран Заев поддржан со неколку уценети ликови продолжи таму каде застана Мијалков мислејќи дека така помалку ќе се збори за тоа што на своја совест Заев има 3.185 животи кои згаснаа зошто е неспособен да обезбеди вакцини.

И Кенија, Руанда, Судан вчера набавија 2,5 милиони вакцини, а фрижидерите на Заев и Филипче и натаму се празни. Тоа сака да го покрие Заев како и фактот што во вода паднаа неговите тврдења дека има стабилно мнозинство. Разнишана е владата на Заев и таа ќе падне и затоа Заев дава предлози за широка влада.

Сепак во таа паника Центарот за комуникации на СДСМ треба да се одлучи кој е нивниот став, оној кој го кажа Заев дека сака широка влада или оној кој тие го дообјаснуваат преку додатно соопштение.

Толку се во паника што и нивниот лидер мораат да го дообјаснуваат во отсуство на план и стратегија.


Администратор
07/03/2021 11:48