Две лица од Скопје на возраст 28 и 24 години утрово се пронајдени мртви во автомобил по пријава дека дека на бул.„Македонско – Косовска бригада“ во Скопје се слушнало пукање.

Според билтенот на полицијата, утрово во 2:35 часот во СВР Скопје било пријавено пукањето во населбата Топанско поле, а по излегување на местото на настанот полицијата пронашла патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки и две лица кои не давале знаци на живот.

– Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт кај двете лица. Пронајдени се чаури од огнено оружје (пиштол и автоматска пушка). Утврден е идентитетот на лицата А.Б.(28) и Б.В.(24), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот, се наведува во билтенот на МВР.

Министерот Спасовски, денеска од Куманово рече дека се утврдуваат причините за смртта на двете лица.

-Се прави детална истрага во однос на оваа случка и јавноста ќе биде информирана во текот на денот, истакна Спасовски.


Администратор
05/03/2021 13:34