Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на својот ефејсбук профил побара од поранешниот премиер на Република Македонија Љупчо Георгиевски да го врати своето македонско државјанство по скандалозните предлози кои ги даде во насока на „решавање“ на проблемот меѓу Македонија и Бугарија.

- Акцискиот план кој што вечерва го предложи поранешниот Премиер Љупчо Георгиевски е срамен и понижувачки за Македонија и Македонскиот народ.

Овие ставови директно ги разнебитуваат нашите Македонски корени, ги поткопуваат столбовите на постоењето на Македонската држава, историја, јазик, идентитет и култура со конечна цел декодифицирање на македонизмот.

Доколку кај поранешниот премиер постои малку доблест и свест под итно треба да го врати Македонското државјанство и да се извини на целиот Македонски народ.

- Го повикувам јавното обвинителство екс официо да отвори случај, спроведе истрага и доколку утвртди одговорност за ваквиот предлог кој е против уставен да поднесе кривична пријава за дело против државата и поткопување и уривање на уставниот поредок.

- Јас сум еден од многуте граѓани во државата кој секогаш и секаде бескомпромисно ќе се спротивстави на ваквите утопистички ставови.

Во оваа прилика ќе потсетам на зборовите на Гоце Делчев:

"Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како Македонскиот", коментира Димитриевски.


Администратор
01/03/2021 00:53