Времето на неказнивост, на привилегирани над Законот, заврши.

Правдата е тука и е еднаква за сите.

Пресудата против обвинетите во предметот “Тврдина – Таргет” е потврда дека е судството е ослободено, дека е крај на партизирани пресуди и обвиненија по нарачка, потврда дека правосудниот систем, како независна власт , ги има сите услови да води истрага и процеси без влијанија, без притисоци, да спроведува обвинителска и судска постапка во која најважни се доказите и законите, за секого подеднакво.

Во Република Северна Македонија се случува правда, законите важат за сите подеднакво.

Изречената прва пресуда за нелегалното прислушување што Сашо Мијалков и врвот на ВМРО-ДПМНЕ го правеле со години е правда за над 20.000 граѓани, кои незаконски биле прислушувани во тие години, само затоа што не мислеле и не делувале како врвот на ВМРО-ДПМНЕ, биле на нивниот список на неподобни.

Оваа пресуда е силен удар кон остатоците на режимот на ВМРО-ДПМНЕ спроведуван од Груевски, Мијалков, Јанкуловска и многу други, а кој се уште од поединци, се одржува жив во Белата палата.

Очекуваме и сите други случаи и предмети, коишто се покренати од Специјалното јавно обвинителство и од другите обвинителства, да добијат разрешница и одговорните да бидат соодветно казнети.

Почитувани,

Пресудата за случајот Таргет – Тврдина ги потопи лагите на ВМРО ДПМНЕ и на извршителот на Мијалков и Груевски, Христијан Мицкоски.

Мицкоски не успеа да го спаси криминалот на ВМРО ДПМНЕ и сите обиди тоа да го направи му се поразени. Мицкоски е поразен од правдата, поразен од граѓаните.

Времето на заробена држава од поединци, само за свое лично богатење, заврши. И тоа е најголемиот пораз на ВМРО ДПМНЕ.

Да се создадат услови за чист пат за правдата не беше лесно, но сега конечно правдата е тука и јавноста уште ќе биде сведок на спроведување правда еднакво за секој.


Администратор
27/02/2021 17:15