На 27.02.2021 во 00.10 часот, по претходна пријава, полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект на ул.„Младинска“ во Струмица, сопственост на Л.М.(36) од Струмица.

При контролата било констатирано дека објектот работи по дозволеното време, односно дека не ги почитува одлуките на Влада и протоколот за отварање и работа на угостителски објекти. Исто така, било утврдено дека во објектот се точел алкохол на малолетни лица.

По целосно документирање на случајот, против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава.


Администратор
27/02/2021 16:13