Денеска (26.02.2021) во 09.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле Л.А.(34) од с.Џепчиште, тетовско, за издржување на казна затвор од две години, за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Тој бил предаден во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.


Администратор
26/02/2021 15:24