Специјалното државно обвинителство (СДТ) на Црна Гора покрена истрага против поранешниот министер за здравство Кенан Храповиќ поради несовесно работење.

Неофицијално истрагата се однесува на набавка на вакцини против Ковид-19.

СДТ ја почна истрагата откако актуелната министерка за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ во јануари изјави дека поради сериозни пропусти на нејзиниот претходник дошло до застој во преговорите за набавка на вакцините, со што е загрозено јавното здравје.


Администратор
26/02/2021 14:18