Градот Скопје во соработка со Општината Ѓорче Петров почна голема акција за темелно чистење на кејот на Вардар, на потегот од мостот во Хром до мостот во Сарај во должина од околу 4 километри. На терен работат екипите на ЈП „Комунална хигиена“ и комунални работници од општината.

- Изминатава година интензивно работиме на кејот, она што повеќе децении било запоставувано од претходните градски администрации сега темелно го работиме. Одиме чекор по чекор, со цел кејот да го добие сјајот што го заслужува. Заедно со Општината Ѓорче Петров на овој потег работиме на должина од 4 километри, на целосно и темелно чистење и облагородување на просторот со цел овој јавен простор на граѓаните од Ѓорче Петров и од Сарај да им послужи за рекреација и за разонода. Да не заборавиме дека се уште сме среде пандемија и секој добро осмислен и обновен јавен простор е добредојден за граѓаните. Ние веќе темелно работиме на чистење на кејот, па ги повикувам и другите градоначалници на општините низ кои поминува реката Вардар да се вклучат со свои ресурси со цел што е можно побрзо да го вратиме сјајот на нашиот кеј – рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.

На почетокот на акцијата за чистење на кејот на Вардар, на потегот од мостот во Хром до мостот во Сарај денеска присуствуваше и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.


Администратор
26/02/2021 12:36