Во голема координирана акција на германската полиција утрово се извршени претреси во Берлин и во сојузната држава Бранденбург во рамките на истрагата за забранета организација наводно поврзана со исламскиот екстремизам.

Околу 800 полицајци, вклучително и специјалци извршија претреси во домовите на членовите на забранетата организација.

Главна цел на разцијата беше собирање докази.

Полицијата се уште не информира дали некој од осомничените е приведен.


Администратор
25/02/2021 13:44