Саша Богдановиќ, градоначалникот на Центар преку социјалните мрежи ја информираше јавноста дека е позитивен на Ковид-19.

- И покрај заштита за целото време на пандемијата на КОВИД-19, резултатот од тестот кој го направив утринава, откако почувствував покачена телесна температура е позитивен.

Останувам во домашна изолација и ги следам инструкциите на лекарите.

Вирусот е опасен и непредвидлив.Одржувајте дистанца, носете заштитни маски и почитувајте ги препораките на надлежните институции, затоа што само така, сите заедно, можеме да излеземе од борбата против пандемијата на КОВИД- 19, информираше Богдановиќ.


Администратор
25/02/2021 01:14