Македонците од админстративната единица, Требиште во областа Голо Брдо, добија реконтруиран здравствен центар со целосно потребната апаратура и кадар.

-Во рамки на владиниот проект „Реконструкција на 300 здравствени центри“ извршена е целосна реконструкција и проширување на досегашната здравствена амбуланта и опремена е со нова апаратура. Тука секако и фактот дека за здравјето на жителите се грижат лекар и две медицински сестри. Сетрите кои се жителки на Требиште се на служба на жителите и вон работното време, доколку за тоа има потреба, изјави за МИА, Едмонд Османи, администратор на Требиште.

Тој посочи дека досега во објектот, кој е изграден пред неколку децении, функцонални биле само две простории, што не ги исполнувале условите за извршување на дејноста. Сега, објектот располага со пет простории.

-Освен 1.300 жители на селото Требиште, здравствена услуга може да добиваат и жителите од останатите пет села од нашата административна едница, зашто само во селото Клење е обезбедено постојано присуство на медицинска сестра, значи околу три илјади жители, посочува Османи.

Тој, заедно со Лефтер Ала, градоначалник на Булќиза, каде територијално припаѓа оваа административна едница, денеска беа во посета на установата.

-Благодарение на средствата издвоени од Владата, овој здравствен центар е целосно реконструиран. Обезбедени се најнеопходните апарати и тој располага со потребната инфраструктура. Правиме напори да се зголеми бројот на здравствените работнии, рече Ала.

За време на престојот во Требиште, тој се сретна и со дел од жителите и најави реализација на повеќе проекти, пред се од сферата на инфраструктурата.


Администратор
24/02/2021 20:12