Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку фејсбук му реплицираше на универзитетскиот професор Борче Давитковски кој во изјава за Телевизија 24 истакна дека потписите немале правна потпора.

- Не колега, ако можам така да те наречам.

Не собира Мицкоски потписи, народот се крена!

Ова се потписите на народот против таквите слуги на сите власти како тебе. Ви доаѓа крајот па се вознемирувате.

Ајде член на твоето семејство ќе остане уште малку да цица од нашите крваво заработени денари.

Народот ќе продолжи да се бори и да собира потписи за да може да се ослободи од амебите во општеството. Ве разбирам, но не можам да ве оправдам.

#ИднинатаЕНаша

#МакедонскаПролет. коментира Мицкоски на Фејсбук.


Администратор
22/02/2021 00:42