Можностите на дел од 15-тината посебни локации одредени како точки за вежбовни активности, со посебен акцент на командната и базата за операции беа дел од дискусијата на денешната работилница на Центарот за управување со кризи во Струга, која е дел од подготовките за финалната конференција на НАТО ЕАДРЦЦ вежбата „Северна Македонија 2021 – НАТО СПС НИКС“, што ќе се одржи во овој град.
На работилницата воведно обраќање имаше в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
– Дискусијата, заедно со теренската заедничка директна опсервација на дел од локациите доведоа до заклучоци за можностите на локациите, нивно доуредување и конкретизирање на дел од целите на вежбовните точки. Посебна дискусија беше развиена за наредните претстојни активности на ниво на носители на планирачките тимови за спроведување на вежбата од нашата држава и носители планирачки тимови од НАТО ЕАДРЦЦ, соопшти ЦУК.
По дискусијата, како што соопшти прес-службата, Ангелов, посетил дел од плнираните вежбовни точки, кои се предвидени за реални вежби на странските и домашни тимови за спасување на вода. Остварил и работна средба со вработените на Регионалниот центар за управување со кризи Струга, при што се запознал со дел од работата и активностите на територијата што ја покрива регионалниот центар.
– Во поглед на вежбовните претстојни активности, Центарот за управување со кризи со повеќеслојни општествени, конференциски и теренски активности поврзувајќи ја и науката и професионалците и од владиниот и од невладиниот сектор од областа на кризен менаџмент, одбрана и безбедност, организира, реализира и координира државен и меѓународен континуитет на НАТО проектот „Напредна регионална координација при цивилни итни состојби во Западен Балкан“. Проектот произлегува од Програмата на НАТО – „Наука за мир и безбедност“ (СПС – SPS) и од веб-базираната платформа „Следна генерација систем за командување и управување со инциденти (НИКС – NICS). Во таа насока е и одржувањето на конференциско-теренска работилница на Носечката група за имплементација на НИКС на национално ниво, на тема „Подготовки за финалната конференција на НАТО ЕАДРЦЦ (NATO EADRCC) вежбата „Северна Македонија 2021 – НАТО СПС НИКС (NATO SPS NICS)“ во функција на претстојната вежба во Струга, се наведува во соопштението на ЦУК.
За време на сите активности, како што е наведено, биле преземени и запазени сите безбедносни и здравствени мерки за заштита од вирусот Ковид 19, согласно здравствените протоколи.