Во Битола се оштетени повеќе автобуски стојалишта од јавниот градски превоз.

Како што соопшти Секторот за односи со јавност на Општина Битола, искршени се или оштетени објектите на стојалиштата кои претходно беа целосно реконструкирани и исчистени.

-Во Битола никако да запре вандалското однесување кон јавните добра, наменети за користење од страна на сите граѓани. Во само неколку дена, засега непознати сторители оштетиле голем број од автобуските стојалишта. Искршени или оштетени се објектите на стојалиштата, кои претходно, целосно беа реконструкирани и исчистени од Општина Битола, стои во соопштението.

Општината апелира да не се уништуваат јавните добра, а сите случаи на вандализам да бидат соодветно пријавувани.