Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, информираат од Македонија пат.
– Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони, посочија од Македонија пат.
Од таму воедно апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.