Зоран Заев е конзистентен само во една работа, а тоа е како да ја уништи оваа држава каква што ја познаваме, истакна Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во неговото гостување во емисијата Што не е јасно на Алфа Телевизија.

- Образовните реформи со кои свесно се изоставува предметот историја го гледам како континуитет на една анти државна политика и ако во нешто е конзистентен Зоран Заев тоа е во намерата како да ја уништи оваа држава ваква каква што ја познаваме, како да не постои Македонија ваква како што ја познаваме и како да се срушат корените на Македонскиот народ. За тоа е конзистентен и милиметар нема мрднато од таа линија веќе четврта година по ред, истакна Николоски.


Администратор
27/01/2021 20:27