Во близина на мостот на автопатот Велес – Катланово, во водите на реката Пчиња, бил пронајден починат С.П.(73) од Катланово. Седумдесет и тригодишниот маж бил пријавен дека се оддалечил од дома на 20 јануари 2021.

Како што соопшти МВР, за пронајденото тело било пријавено вчера во 13.56 часот во СВР Скопје.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено за обдукција.


Администратор
24/01/2021 01:17