Во напуштена куќа во село на грчкиот остров Закинтос, полицијата пронашла 800 килограми амониум нитрат, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според локалните медиуми од островот, експлозивниот материјал бил спакуван во 32 пакувања по 25 килограми, а куќата во која што бил пронајден е напуштена, бидејќи изгорела во пожар, кој пред неколку години го зафати овој дел на Закинтос.


Администратор
22/01/2021 15:15