Пратеникот од редовите на Алијанса за Албанците, Халил Снопче вели дека ДУИ игра на две страни и со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ.

„Во Дебар на пример за ДУИ гласаат и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Еднаш се во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а потоа со СДСМ“, потенцира Снопче во дебатниот магазин „Click Plus на ТВ21.

Тој вели дека кај Алијанса за Албанците и Алтернатива има расположение за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

„Овој пат ние како коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива заинтересирани сме да имаме соработка со мекедонска партија, зошто да не со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е заеднички интерес“, додаде Сонче во „Click Plus“ на ТВ21.

Локалните избори треба да се одржат на крајот од оваа година. На последните одржани во 2017 година 45 општини добија градоначалник во првиот круг, додека 35 во вториот. СДСМ во првиот победи во 37 општини и градо Скопје, ВМРО-ДПМНЕ во три, а ДУИ во две. Во вториот круг СДСМ победи во 19 општини, ДУИ во осум, а ВМРО-ДПМНЕ во две. Три градоначалници освои Алијанса за Албанците, додека Беса и ДПА добиле по еден мандат.


Администратор
19/01/2021 00:56