Премногу сум разочаран од она што се случува во Македонија, коментира граѓанин од Тетово во врска со неодржувањето на традиционалното фрлање на крстот на Богојавление, Водици.

-Не гледам една причина, зошто да не се одржи, сите се со маски и на отворено, нема услови за зараза. Ова на некој начин овие што се на власт прават антимакедонско ништење, недоверба, уништување, понижување, јас сум превише разочаран од се што се случува во Македонија, коментира тј во анкета за Алфа.

И другите сограѓани во анкетата се на слична линија во врска со неодржувањето:

-Ние дојдовме еве, мислевме дека ќе има нешто помасовна прослава,но ете ќе запалиме свеќа и тоа е.. –Да водиме грижа за растојание, со маски, може би можело, ама тоа е..

И свештенството во Тетово размислувало слично но стравот да не им се случи истото како во Вевчани ги предомислил.

– Поучени од тоа што се случи во Вевчани, да не дојде до гужва, оти знаете некои пазат, некои не носат маски, секој различно, па ете, се плашевме да не се направи голема гужва, па да ни се уништи празникот, изјави Небојша Недељковиќ од Црковниот одбор.


Администратор
19/01/2021 00:38