Откако денеска Собранието остана без кворум за работа и по информацијата во медиумите дека тоа е поради дијагностициран позитивен тест на пратеник од владеачкото мнозинство, Дарко Каевски на социјалните мрежи објави дека тој е пратеникот кој има Ковид - 19.

- Другари и другарки, по првичните благи симптоми кои ги имав во петокот направив брз тест кој што беше негативен, но и покрај тоа направив уште еден ПЦР тест за Ковид-19 и резултатот е позитивен. Се чувствувам добро и сум со поблаги симптоми. Во изминатиот период бев максимално внимателен и ги почитував мерките од Комисијата за заразни болести и министерството за здравство. Но, вирусот не прашува, така да, што е тука е и ова ќе помине. Во наредниот период останувам во самоизолација. Чувајте се почитувајте ги препораките и останете во добро здравје – истакна Каевски.


Администратор
19/01/2021 00:38