Епидемиолошката состојба во Хрватска е подобра, но тешко е да се каже дека состојбата со епидемијата е стабилна, изјави денеска шефот на Националниот штаб, министерот за полиција Давор Божиновиќ.

Божиновиќ на редовната прес-конференција рече дека се уште не може да зборува за евентуално олеснување на епидемиолошките мерки, но тие се проценуваат секој ден и се забележува нивниот ефект.

Коментирајќи ја можноста за укинување на мерките на локално ниво, Божиновиќ рече дека тоа засега не е можно, но оти локалните штабови можат да предложат само построги мерки.

Одговарајќи на прашањето за ковид-пасоши, Божиновиќ рече дека за нив официјално не се дискутира на ниво на ЕУ.


Администратор
18/01/2021 13:47