Не е поентата во политичките субјекти дали ќе се мешаат, туку во тоа дали ние ќе им дозволиме, порача синоќа во емисијата „Што не е јасно?“ директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

-Често сум обвинуван дека не прифаќам вакви или онакви амандмани, но точно во интерес на чистата статистичка операција ги одбиваме, за да не биде политичка. Затоа го одбивме предлогот за пописна комисија да има пак, оти таа е политичко тело, вели Симовски.

На новинарско прашање дали е член на СДСМ, Симовски одговори:

- Не е важно дали сум член или не. Што е толку битно тоа? Дали вие гласате, кога гласете се определувате така? Штом го пуштите ливчето сте се определиле. Но прашањето е дали јас делувам политички во моето работење, ако најдете таков момент тогаш треба да одговарам, вели Симовски.


Администратор
16/01/2021 19:34